Не требаше долго за Конор Мек Грегор да му одговори на таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, кој пред неколку дена изнесе свое мислење за тоа кој би требало да биде следен противник на Ирецот.
Абдулманап истакна дека најпаметно за Конор ќе биде прво да ги одмери силите со Ислам Махачев, но Ирецот, како и секогаш, одговори во свој стил, експлицитно одбивајќи ја секоја опција за каква било борба.
„Имам почит кон вашите методи за тренинзи и сè што сте направиле досега. Но, морам да се насмеам на споменатиот водоинсталатер и тимскиот нутриционист Ислам Махачев како мој потенцијален противник, напиша Мек Грегор на Твитер, по што ја наведе можеби главната причина за одбивање на каква било борба против Махачев.
Немам намера да влезам во клинч со докажан измамник, корисник на стероиди. Тоа е вашиот син Абдул! Твојот среден син. Јас веќе го зедов вашиот најстар“, додаде Конор.
Инаку, Ислам Махачев не е биолошки син на Абдулманап Нурмагомедов, но Хабиб често го нарекува како свој брат, па затоа Ирецот веројатно алудираше на ова.
Махачев имаше еден пад на допинг тест за време на неговата УФЦ кариера. Во 2016 година, тој беше позитивен на забранетата супстанца „мелдониум“. Сепак, неговата суспензија беше повлечена откако е утврдено дека Махачев не ги прекршил правилата за допинг. Поточно, тоа беше ситуација кога голем број на разни руски спортисти (како што е Марија Шарапова) беа позитивни на истата супстанција, која на крајот се покажа како присутна во месото низ цела Русија.