Контроверзниот Конор Мек Грегор покажа дека секогаш е напред еден чекор пред другите во привлекувањето внимание и правење пари од тоа. Тој следниот меч ќе го одработи за точно една недела, на 18 јануари, кога спроти него во октагонот ќе застане Доналд Цероне.
УФЦ ѕвездата секојдневно се подготвува за својот прв меч по една и пол година, а многумина сметаат дека е поподготвен од кога било.
Меѓутоа, не би бил Мек Грегор доколку не изненади со некаква лудорија, па така, овој пат си викна ди-џеј на тренинг кој му даваше ритам додека удираше во фокусерите.