Последната борба Конор Мек Грегор ја имаше во јули кога ја скрши ногата на самиот крај од првата рунда во мечот против Дастин Пориер на УФЦ 264.
Веднаш беше јасно дека големата УФЦ ѕвезда ја чека долго закрепнување.
Славниот Ирец неодамна најави враќање, а се поизвесно е дека тоа ќе се случи во втората половина на 2023 година.
А истражувањето, кое беше спроведено од мај 2021 до мај оваа година, покажа дека Мек Грегор заработувал значително повеќе од кој било друг спортист по минута.
Имено, последниот меч против Пориер траеше само пет минути.
Конор беше тешко повреден и се откажа од борбата. Но, тагата од поразот беше донекаде ублажена со тоа што за само неколку минути борба заработи 33 милиони долари.
Тоа е 1 милион долари за секои девет секунди што ги поминува во октагонот или 6,6 милиони долари за секоја минута.
Тоа е многу повеќе од Канело Алварез, кој го зазеде второто место на листата на ОЛБГ „Спортисти со најбрза заработка“ за 2022 година, заработувајќи 85 милиони долари за 61 минута борба во истиот период.
Мексиканската боксерска легенда заработи 1.393.443 долари за секоја минута помината во рингот, бидејќи стана апсолутен шампион во супер средна категорија со запирање на Били Џо Сандерс и Кејлеб Плант.
На третото место е Тајсон Фјури со нешто повеќе од милион долари за секоја минута од борбата.
Ромскиот крал во истиот период имаше две борби вредни вкупно 60 милиони долари. Фјури ги нокаутира Дионтеј Вајлдер и Дилиен Вајт и ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.
Џејк Пол заработил половина од таа сума, 30 милиони долари. Познатиот јутјубер го победи поранешниот шампион на УФЦ Тајрон Вудли во две по ред борби.
Проблематичното дете заработувало 681.000 долари секоја минута или 1 милион долари на секои 88 секунди што ги поминувал во рингот.