Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Ирецот Конор Мек Грегор во објава на социјалните мрежи навестува враќање во промоцијата. Ирецот не се борел откако загуби од Американецот Дастин Пориер на УФЦ 264 што се одржа во летото 2021 година.
Да потсетиме дека „Озлогласениот“ ја скрши ногата во оваа борба. Вкупно, Мек Грегор имаше 28 борби во мешани боречки вештини, во кои победи во 22 и претрпе 6 порази. Во средината на декември минатата година се дозна дека Мек Грегор испаднал од ажурираната ранг листа на УФЦ.
Ирецот претходно беше рангиран на 14. место во лесна категорија. Суперѕвездата очигледно сака да се врати, но прво треба да започне со тестирање за УСАДА.
„Возбуден што се враќам во УФЦ“, напиша Мек Грегор.
Еве дел од фотографиите кои Мек Грегор ги сподели и навести дека се од неговата улога во „Road House“:
Excited for my return to the @ufc! pic.twitter.com/KdWcv1x9Lk
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) January 9, 2023
The Mac. The Movies. pic.twitter.com/Mbhq8ViQXR
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) January 7, 2023