Конор Мек Грегор ќе ја прошири својата деловна активност со влегување во синџир со ресторани.
Мек Грегор, поранешен двоен шампион на УФЦ, го купи ирскиот паб Блек Форџ Ин, каде пред некое време удри постар човек.
Непосредно пред неговиот трет меч со Дастин Пориер на УФЦ 264 Мек Грегор го исткана интересот за бизнисот со ресторани, планирајќи да биде меѓународен.
„Многу се забавувам со овој процес и дефинитивно чувствувам дека ова е само почеток”, рече Конор и додаде: „Ирските пабови се познати низ целиот свет и ќе биде чест за мене да се вклучам во нивно промовирање. Ќе погледнам повеќе локации во Ирска и други земји со сигурност.
Мојата страст е гостопримливост и забава, а ова со Black Forge е само почеток“.
Мек Грегор неодамна го продаде својот мнозински удел во „Пропер бр. 12 проксими спиритс“ за околу 150 милиони долари и очигледно бара нови полиња за инвестирање.