Ѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор е уапсен на Корзика поради непристојно однесување и обид за сексуален напад. Моментално не се наведени други детали за обвинувањето против него.
А Ирецот енергично ги отфрла сите обвинувања за недолично однесување. Неговиот претставник за ТМЗ одговори дека Мек Грегор е сослушан од полицијата и е пуштен на слобода.
„Како резултат на жалба поднесена на 10 септември, за случка која од правни причини не можеме да ја обелодениме во детали, Конор Ентони Мек Грегор беше приведен и донесен на сослушување во полициските простории. Тој е обвинет за сексуален напад и за сексуален егибиционизам“, се вели во соопштението на француското обвинителство.
Претставникот на Мек Грегор кажа нешто и за ТМЗ спорт во врска со најновиот проблем на ММА ѕвездата.
„Конор негира каквибило обвинувања за недолично однесување. Сослушан е и потоа е ослободен”, дознава ТМЗ.
ТМЗ наведува и дека во извештајот од Франција се вели дека наводниот инцидент се случил во кафуле.
Мек Грегор викендов требаше да учествува на трка долга 180 километри, за време на која имаше за цел да го помине патот од Калви до Монако со воден велосипед, но поради новонастанатата ситуација мораше да се повлече од натпреварувањето.