Бобан Илиоски на 19 септември дебитира во професионалниот бокс

Еден од нашите најдобри кикбоксери Бобан Илиоски на 19 септември во Белград (Обреновац) ќе има огнено крштевање во професионалниот бокс.

Илиоски вели дека нема некој посебен мотив за овој настап.

„Само сакам да се натпреварувам, да се борам, без разлика за каква дисциплина станува збор. Затоа, ова е предизвик за мене“, вели Илиоски.

Да потсетиме дека Бобан насатпи во 2016 година дебитираше во полуфиналето на 46-от Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје. Илиоски се сретна и одлично се носеше со шампионот на Србија, Алекснадар Костиќ.

За професионалното бокс деби се подготвувал во матичниот клуб „Магнус“ со тренерот Дејан Митровски – Урко. Потоа заминал на подоготовки и на Власинско еезеро во Србија, каде што тренирал со тренерот Срѓан Радуловиќ.

„Не го знам името на противникот, а и не ме ни интересира, затоа што сум добро подготвен. Одам на победа, тоа ми е основниот мотив“, порача Илиоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО