Конор Мек Грегор како и сите останати спортисти во светот поради пандемијата на коронавирусот мораше да ги запре сите нормални активности.
И во Ирска владеат ригорозни рестрикции како начин на борба со вирусот па Мекгрегор кој е во самоизолација тренира во подрум. Тој објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тренира.
Тој вели оти е подоготвен во било кој момент да се врати на борбите. Сепак поради ситуацијата во светот неизвесно е кога би можело воопшто да се организира борба. Неизвесен е и следниот противник на ирскиот борец. Во најава е реванш со Хабиб Нурмагомедов.
Conor's throwing bombs in the basement 💣 (via @TheNotoriousMMA, h/t @ESPNRingside) pic.twitter.com/CA3xmb0QRe
— ESPN MMA (@espnmma) March 21, 2020