Конор Мек Грегор дополнително ќе ја подгрее приказната за борбата со Флојд Мејведер со објавувањето на бокс спарингот.
„Ноториус“ објави снимка од боксерски тренинг во Лос Анџелес со поранешниот боксер во полусредна категорија и шампион на ИБО, Јужноафриканецот Крис ван Хеерден (01/02/24, 12 КО).
Самиот Мејведер, кој беше светски првак во велтер категорија, неодамна изјави дека ако се врати од пензија, тоа би го направил само за да се бори со Ирецот.
https://youtu.be/hq9P0B6PtAM