Конор Мек Грегор со изјава поради пропаднатата прес-конференција

Иако околностите се сè уште непознати, Конор Мек Грегор се извини за доцното откажување на прес-конференцијата на УФЦ 303 во Даблин.

Прес-конференцијата во пресрет на борбата меѓу Мек Грегор и Мајкл Чендлер беше закажана за понеделник во 3 арена пред илјадници фанови, но УФЦ најави одложување 12 часа пред да започне.

Во понеделникот Мек Грегор даде изјава во врска со промената на плановите, но посочи дека борбата против Мајкл Чендлер на 29 јуни ќе се одржи според планираното.

„Во консултација со УФЦ, денешната прес-конференција е откажана поради голем број пречки кои се надвор од наша контрола“, рече Мек Грегор во изјавата на социјалните мрежи. „Им се извинувам на моите ирски фанови, како и на навивачите ширум светот, за непријатностите и ја ценам сета ваша страст и поддршка. Едвај чекам да го приредам најдоброто шоу на сите времиња во октагонот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON