Конор Мек Грегор заработи огромни пари од победата на Нејт Дијаз над Хорхе Масвидал во боксерскиот ринг.
Нејт Дијаз успешно му се реваншира на Хорхе Масвидал во боксерскиот ринг. Втората пресметка меѓу нив се случи изминатиов викенд. Во неговата прва борба во октагонот на УФЦ, Масвидал го победи Нејт Дијаз со ТКО на УФЦ 244 во ноември 2019 година.
Сепак, сега помладиот од популарните браќа, се покажа како подобар и победи со одлука во боксот. Пред борбата, друг поранешен противник на Дијаз, Конор Мек Грегор, се обложил 500.000 на Нејт да победи. Така Ирецот стана побогат за повеќе од 1,5 милиони долари.
Дијаз двапати се бореше со Мек Грегор во октагонот на УФЦ. За време на УФЦ 196 во март 2016 година го победи Ирецот со подметнување и го шокираше целиот свет на боречките спортови. Конор подоцна му се реваншира на Дијаз со победа со одлука на УФЦ 202 во август истата година.
— The Mac Life (@TheMacLife) July 7, 2024