Конор Мек Грегор: Се враќам во април 2024 година

Конор Мек Грегор присуствуваше на бората меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану во Саудиска Арабија.

За време на кратко интервју, ѕвездата на УФЦ го откри датумот на враќање. Ирецот откри дека повторно ќе се бори во април 2024 година. „Озлогласениот“ призна дека сакал да се бори претходно оваа година, но работите не се случија. Сега тој тестира за УСАДА и се подготвува за големо враќање.

„Сакав да се борам порано оваа година. Ќе биде април 2024 година, а потоа ќе поминат 3 години откако последен пат се борев. Борбата меѓу Тајсон и Нгану беше интересна, но сега одам директно во теретана“, изјави Мек Грегор.

Во април најверојатно ќе се одржи јубилејниот настан УФЦ 300. Датумот и локацијата сè уште не се објавени, но речиси е сигурно дека УФЦ ќе сака Мек Грегор да биде главен. Оваа година Конор беше тренер на ТУФ против Мајкл Чендлер. Тие се соочија неколку пати и Мајкл треба да биде следен за Мек Грегор.

Сепак, Конор не зборуваше за својот колега, што го загрижи Чендлер. Останува да видиме кој ќе биде избран за противник на Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON