Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, најави дека ќе се врати во кафезот на 18 јануари за настанот на УФЦ во Т-Мобиле арената во Вегас. Ирецот лично ја кажа веста на прес-конференцијата во Русија. Тој рече дека го знае името на неговиот противник, но нема да го каже, бидејќи УФЦ се подмолни и ќе ги свртат работите.
„Озлогласениот“ ги објави идните планови кои вклучуваат борба следниот месец за титулата „најлошото копиле“ на УФЦ 244 и реваншот со Хабиб Нурмагомедов во Русија. Конор вети дека нема да има повеќе алкохол, само здрави вежби, затоа што луѓето го заслужуваа тоа.
„Сакам на јавноста да го објавам враќањето на „Озлогласениот“ Конор Мек Грегор, што ќе се случи на 18 јануари на „Т-Мобиле арена“ во Вегас. Тогаш ќе ми биде враќањето, а дотогаш има 12 недели од оваа сабота. Во топ форма сум и компанијата се согласи на датумот.
Што се однесува до противникот, ќе кажам дека го имам неговото име. Навистина би сакал да го кажам неговото име, но УФЦ ќе ги сврти работите затоа што тие се предавничка компанија. Прашајте ги кој е мојот противник затоа што не ми е гајле за неговото име.
Мојата нова сезона почнува на 18 јануари и сакам да се борам со победникот од битката меѓу Нејт Дијаз и Масвидал, кој ќе се бори за титулата „најлошото копиле“. Јас и Дијаз имаме приказна и сакам трета борба. Мислам дека тој ќе победи. Тогаш ќе посакам меч со победникот од Хабиб Нурмагомедов против Тони Фергусон во Москва.
Не можам да му го кажам ниту неговото име, но кој се грижи за неговото име? Луѓето во Москва и оние ширум светот заслужуваат оваа борба да се случи во Русија. Ова е неизбежен реванш за кој ќе тренирам напорно и ќе бидам целосно посветен на тоа, без повреди. Нема да има алкохол и други работи што ќе влијаат врз мене. Луѓето го заслужуваат тоа и еднаш засекогаш ќе го решиме“, рече Мек Грегор.
Негов противник е Џастин Гаетје, но сè уште не е официјално.