Конор Мек Грегор се сврте кон Бога, за да се помоли. Најголемата светска ММА ѕвезда веќе се опорави од тешката повреда.
Неодамна „Ноториус“ објави видео на социјалните мрежи и покажа дека веќе удира со нога. Очигледно Мек Грегор е благодарен што веќе е здрав па решил да му се заблагодари на Бога. Мек Грегор на Инстаграм објави фотографии од црквата и напиша дека отишол да се помоли.
33-годишната ѕвезда го купи третиот паб во Даблин. Тој веќе е сопственик на барот The Waterside во Хаут, кој се наоѓа во близина на јахтинг клубот Houth. Во личниот живот не престанува да жнее успеси, но во кафезот слабо настапува.
До денес, Конор е во серија од 2 последователни порази и победи само на 1 од неговите последни 4 борби во УФЦ. Допрва ќе видиме кога големата ѕвезда ќе се врати во октагонот на УФЦ.
View this post on Instagram