Конор Мек Грегор го подготвува за своите фанови најголемиот камбек во историјата на спортот. Озлогласениот веќе тренира со макивари за прв пат откако ја скрши ногата во јули. Годината не беше лесна за Конор, кој во јануари беше нокаутиран од Дастин Пориер.
Тој доби уште една шанса во јули и веруваше дека се подготвил и зборуваше за тоа како Пориер ќе си замине на носилки. Всушност, токму Мек Грегор замина на носилки по скршеницата на ногата на крајот од првата рунда.
33-годишниот борец од Ирска им се заблагодари на лекарите и тимот кои му помогнаа да закрепне. Ветува дека ќе се врати како неговиот пријател Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор“.
„За прв пат повторно тренирам со макивари. Ајде екипо. Мојот пријател Арнолд Шварценегер вели: „Ќе се вратам, кучки!“ Ќе се вратам како одмазда. Благодарност до сите мои лекари и мојот тим што ме доведоа овде толку брзо по операцијата!
Има доста работа да се заврши, но работата е она по што сум познат. Подгответе се за најголемиот камбек во историјата на спортот! Двоен шампион, милијардер и крал. Мислите дека скршената коска ќе ме спречи? Имам три нозе. Гледајте ме како работам“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.