Гром од ведро небо- Конор Мек Грегор се пензионира!
Во текот на изминатата ноќ Конор Мек Грегор преку неговиот Твитер профил најави дека си заминува од УФЦ и се пензионира од ММА спортот.
Ирскиот борецја изненади јавноста со неговата одлука да стави крај на кариерата во ММА преку „брзо известување за фановите“.
„Решив да се пензионирам од спортот наречен ММА. На сите мои колеги им посакувам многу среќа во иднина. Сега им се придружувам на моите поранешни партнери, кои се веќе во пензија. Пина Коладите се на моја сметка, момци!“, напиша Конор на неговиот Твитер профил.
I have decided to retire young.
Thanks for the cheese.
Catch ya's later.— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 19, 2016
Оваа вест доаѓа како изненадување, бидејќи Мек Грегор неодамна на гостувањето во шоуто на Џими Фалон изјави дека има намера да продолжи да се бори во УФЦ кафезот. Доби многу понуди за потенцијални борби, како од нови лица на УФЦ сцената, така и од поранешни шампиони во натпреварувањето.
„Има доволно пари за да се пензионира и неговото виски се продава како алва. Има смисла да се пензионира. И јас би го направил истото ако бев на негово место“, рече претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
Hey guys quick announcement, I’ve decided to retire from the sport formally known as “Mixed Martial Art” today.
I wish all my old colleagues well going forward in competition.
I now join my former partners on this venture, already in retirement.
Proper Pina Coladas on me fellas!— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 26, 2019
Иако доби поддршка од Дана Вајт и поголемиот дел од боречката сцена, сепак одлуката на Конор Мек Грегор не може да биде сфатена сериозно. Низ медиумите веќе почнаа да кружат шпекулации дека Конор го напишал твитот за да се избори за поголеми премии за неговата следна борба.
Последната УФЦ борба на 30-годишниот Ирец беше во октомври минатата година, кога загуби од Хабиб Нурмагомедов во борба за шампионскиот појас. Веднаш по борбата двајцата борци учестуваа во тепачка, поради која беа суспендирани од раководството на УФЦ.