Конор Мек Грегор се огласи по средбата со Вајт и Ферита: Бизнисот си е бизнис!

Konor i Dana Vajt z araka

Изгледа Конор Мек Грегор ги испегла односите со УФЦ по средбата со Лоренцо Ферита  и Дана Вајт.

 Мек Грегор одби да учетсвува на неколку рекламни активности во април на УФЦ и затоа беше отстранет од листата за мечот со Нејт Дијаз на УФЦ 200. За време средбата, која траела повеќе од два часа, била земена во предвид неговата следна средба во октагонот.

„Се видовме со Дана и г-дин Ферита, направивме добар муабет, како и секогаш. Понекогаш, едноставно, надоаѓаат повеќе емоции, но, на крајот, не треба да заборавиме дека бизнисот си е бизнис“.

„Тоа и го направивме кога се видовме. Господа, тука нема место за емоции, се согласивме и продолживме со идејата и желбата да правиме големи работи“.

 Мек Грегор верува дека дефинитивно средбата имала смисла. И, иако се уште нема официјален датум за неговото враќање, гласините велат дека ќе се бори во текот на летото, пак против Дијаз. Најверојатно средбата ќе биде за време на УФЦ 202, но ништо не е конечно додека и двете страни не се согласат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON