Конор Мек Грегор се обложи 365.000 долари за шампионот на Копа Америка

Конор Мек Грегор се чини дека во последно време се препушти на коцкањето, бидејќи во изминатите недели на социјалните мрежи се фали со големите суми што ги обложува на фудбалот.

Сега е убеден дека Аргентина ќе ја освои овогодинешната Копа Америка. Тој е толку сигурен што се обложил со сума од 365.000 долари за да очекува потенцијална добивка од 1.003.750 долари.

Претходно, Ирецот му даде доверба на пријателот Кристијано Роналдо за да стане најдобар стрелец на ЕП 2024, обложувајќи се на 60.000 долари.

Изгледа дека Конор има поголема доверба во Лионел Меси и друштвото отколку во Кристијано и неговата Португалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON