УФЦ ММА ѕвездата Конор Мек Грегор позира со некои од најголемите шампиони во боксот.
Ирската ѕвезда одлета во Саудиска Арабија да го гледа Френсис Нгану против Тајсон Фјури. „Озлогласениот“ откри дека добил покана од властите во Ријад. Мек Грегор ја прифати поканата, а во Саудиска Арабија беше во центарот на вниманието. Конор учествуваше во одлична фотосесија на која беа легендарните боксерски шампиони.
Со него се сликаа Мајк Тајсон, Александар Усик, Мани Пакијао, Рој Џонс, Артур Бетербиев, Амир Кан, Насим Хамед, Дмитри Бивол и други. Конор не пропушти да се кликне со своите колеги од ММА. Тој беше фотографиран со Јуниор дош Сантос, Ренди Кутур и Чак Лидел.
Конор не се борел од 2021 година, кога ја скрши ногата во борбата со Дастин Пориер. Сега се врати во програмата на УСАДА и почна со тестирање за прв пат по 2 години. Но, УСАДА го раскина договорот со УФЦ. Конор се очекува да се бори во 2024 година, а името на неговиот противник се уште останува непознато.
Веројатно ќе биде Мајкл Чендлер со кого го предводеа ТУФ 31 оваа година.
View this post on Instagram