Конор Мек Грегор сака УФЦ да му направи специјален појас

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор го повика УФЦ да создаде специјална титула за него. 32-годишниот Ирец се подготвува за трета борба со Дастин Пориер која Дана Вајт сака да ја организира во јули.

На почетокот на оваа година ги видовме во лесната категорија на островот Јас во Абу Даби. Пориер успеа да го нокаутира Мек Грегор во втората рунда и така Конор победи само во 1 од последните 4 битки во ММА.

Сепак, ова не му пречи и верува дека ќе биде подготвен за трилогијата. На својот профил на социјалните мрежи, Мек Грегор повика да се именува посебна титула по него.

„Мислам дека е време да создадат нова титула за мојата следна борба. Го молиме УФЦ да создаде титула – Мек Грегор. Предлагам да е во розово злато и рубини“, напиша Конор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON