Ирската суперѕвезда се враќа во октагонот!
Конор Мек Грегор потврди дека ќе се соочи со Мајкл Чендлер налето. „Озлогласениот“ би сакал неговата прва борба да биде три рунди, а следната борба да биде пет рунди. Мек Грегор планира да се бори двапати оваа година, завршувајќи го актуелниот договор со УФЦ и потоа да преговара за нов.
Конор моментално е на светска турнеја за прикажувањето на филмот „Роуд хаус“, кој дебитира на Амазон прајм на 21 март. Мек Грегор речиси сигурно ќе биде главна борба за една од гала вечерите во јуни, но не сака борбата да биде 5 рунди бидејќи веќе скоро 3 години е надвор од теренот.
„Погледнете го Ентони Џошуа сега кога редовно се бори. Спаринг и тренинзи Се чувствувам добро, но ќе морам да ја развијам таа редовна прецизност.
Не сме разговарале за тежината. Бев возбуден поради веста и не зборував за килограмите. Искрено, не сум стапнал на вага од мојата последна борба со Дастин Пориер. Од мерењето пред последната борба, не сум ја допрел вагата ниту еднаш. Па не знам, ќе видиме.
Што се однесува до рундите, можеби ќе им кажам: „Видете, овој пат ќе се борам три рунди“. Затоа што сега ќе се борам 3 рунди многу ефикасно наместо да се принудувам да се борам 5 рунди. Ако сега почнам да се подготвувам за 5 рунди, нема да бидам толку експлозивен во првите 3 рунди.
Би сакал да ја усовршам борбата во 3 рунди, да и пристапам со прецизност и свежина за повторно да се навикнам. Чендлер веднаш ќе почне да врши притисок. Ќе мора, таков е неговиот стил. Така, мислам дека три рунди би биле идеални“, изјави Мек Грегор.
View this post on Instagram