Конор Мек Грегор оваа година учествува како еден од тренерите во сезоната на ТУФ, а противник му е Мајкл Чендлер, кој го предводи другиот тим.
Двајцата треба да се соочат во октагонот на крајот од сезоната. Но, Ирецот се уште не влезе во протоколот на УСАДА.
Имено, секој борец мора да биде во програмата за допинг тестирање најмалку половина година пред неговиот настап.
Мек Грегор (34) има уште две борби според договорот со УФЦ, но се надева дека ќе ја продолжи соработката со промоцијата. А неговата желба е и по кариерата да остане во најголемата светска ММА организација.
„Сакам да бидам дел од УФЦ. Се надевам дека организацијата размислува исто како и јас, бидејќи таму ги имав најдобрите настапи. Навистина ја сакам таа компанија, која ми го промени животот и ми даде толку многу, и ми помогна кога ми требаше… Сакам да останам во УФЦ до крајот на мојата кариера, а се надевам и после тоа“, изјави Конор Мек Грегор во интервју со Ариел Хелвани во „ММА час“ и се осврна на случајот со Нгану:
„Што му дадоа? Се повредил, а му дозволиле да ја користи целата опрема во Институтот за перформанс. Не мораше ништо да плати, убаво го примија и му дадоа се. Мислам дека Френсис греши. Но, му посакувам се најдобро“.