Донлад „Каубој“ Кероне е меѓу активните борци во УФЦ, бидејќи не само што сака да се бори, но му се допаѓаат и парите што ги заработува.
„Каубојот“ ги кажа своите ставови за ситуацијата на Мек Грегор.
„Ненормално е да одбива да се појави на прес -конфрененција станува збор за 8-9 милиони долари, кои, едноставно, одбива да ги земе. Ако треба, на месечината би отишол за да направам прес-конференција за 10 милиони долари“.
Кероне ја истакна желбата да се бори со Нејт Дијаз откако Мек Грегор беше отстранет од средбата.
„Би застанал против Дијаз на УФЦ 200. Не ми требаат повеќе пари“.
„Работата ни е да забавуваме. Тоа и го правиме. Кога потпишувам договор за дадена средба, ги исполнувам сите обврски спрема медиумите. Не затоа што сакам, туку тоа ни е дел од работата и тоа треба да го правиме“.