Усман во публиката ја донесе малолетната ќерка која остана шокирана од виденото.
Откако Камару Усман беше нокаутиран во петтата рунда од борбата во саботата, се појавија вести и видеа како неговата ќерка плаче шокирано и не дозволува никој да и се доближи и да ја смири. Тоа беше многу потресен момент што го коментираше и Конор Мек Грегор, советувајќи ги борците да престанат да ги носат семејствата, особено децата, на настани за боречки вештини.
На настанот УФЦ 278 Леон Едвардс седна на тронот во полусредна категорија со нокаутирање на Камару Усман во последната рунда, на само 50 секунди пред крајот на борбата. Покрај кафезот Усман направи уште една голема грешка: на настанот донесе малолетни деца.
Откако ќерката видела што се случило во кафезот останала шокирана. Имаше и видео кое е многу тешко за гледање, а нема сомнеж дека таквите работи ги оставаат децата на таа возраст со големи трауми.
Мек Грегор исто така го коментираше ова:
„Ова е многу го чувствително. Во секој случај не препорачувам да го донесете семејството. Особено не децата. Ова е поинаква борба. Сум бил од двете страни и мислам дека е најдобро да одам сам во таа мисија. Ќе го видите семејството по борбата, дефинитивно ќе продолжам вака”.
Навистина е тешко да не се согласувате со Конор. Колку и да е самоуверен, ова е спорт во кој еден удар може да го направи она што му го направи на Усман. Ова е пособено тешко ако децата видат вакво нешто што веројатно може да ги остави трауматизирани до крајот на нивниот живот.