Конор Мек Грегор позира со титулата на УФЦ во својот паб

Суперѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор позира со појасот на УФЦ во својот паб во Даблин.

Поранешниот шампион во две категории го изложи појаост во перо категорија во Блек форџ инн. Очигледно, секој посетител на пабот може да го земе појасот и да се слика со него.

Навивачите може да се забележат и како позираат со предметниот појас на страниците  на пабот The Black Forge Inn.

„Оригиналниот неприкосновен УФЦ појас во перо категорија. Титулата блеска во Белк форџ инн“, напиша Мек Грегор.

На крајот на 2015 година Мек Грегор за 13 секунди го нокаутира Жозе Алдо и го освои предметниот појас. Една година подоцна, тој го нокаутира Еди Алварез во лесна категорија. Така, Мек Грегор стана првиот шампион на УФЦ во две различни категории.

Сè уште не е познато кога Конор ќе се врати во кафезот. Тој треба да се бори со Мајкл Чендлер во неговиот следен меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО