Конор Мек Грегор на социјалните мрежи се пофали дека во кариерата примил бомби, но сепак не на наткривнува. Најбогатиот ММА борец во светот неодамна откри дека се здебелил и до 85 килограми и дека му преостануваат уште 2 борби од стариот договор со УФЦ.
Озлогласениот не планира да стане слободен агент и да бара друга ММА организација. Мек Грегор откри дека сака да остане во УФЦ до крајот на својот живот. Тој им објави војна на сите свои колеги и откри дека трилогијата со Нејт Дијаз е задолжителна.
За среќа, неговото закрепнување оди многу добро и до април Конор ќе може да спарингува со полна брзина. Годинава загуби два последователни меча од Дастин Пориер и ја скрши ногата во трилогијата во јули.
Конор веќе е пред опоравување и со фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи го напиша следново:
„Ме погодија гранати, но не поткривнувам“.