Помалку ноншалантното однесување на Конор Мек Грегор би можело се почесто да го доведува до проблеми, па дури и оние со законот. Така, во моментов тој е под истрага за фотографијата што неодамна ја објави на неговиот Инстаграм профил.
Конор нанеа се наоѓа на совзачкото седиште во автомобилот, носејќи маска за скијање и држи автоматска пушка со придушувач. Самата фотографија е доволно вознемирувачка за да поведе истрага, иако, најверојатно, станува збор за нешто непромислено.
Од локалната полиција соопштија дека ќе има истрага за околностите во кои е направена фотографијата. Се разбира, главните прашања што се поставуваат се околу оружјето, односно дали оружје е вистинско и дали е наполнето.
Во секој случај, Ирецот е треба да почне да се контролира, бидејќи се повеќе и повеќе делува како арогантна богата ѕвезда. А кога ќе се сетиме на неговото пристигнување во УФЦ и срцепарателните приказни дека пред УФЦ речиси бил без покрив над главата. Парите го расипуваат човекот, особено ако така брзо се стекнат, во толку голема количина.