Конор Мек Грегор, контроверзен ММА борец од Ирска, повторно се најде во центарот на скандал. Според италијанските медиуми, Мек Грегор го претепал италијанскиот диџеј Франческо Фачинети на забава.
„Конор Мек Грегор ме удри со тупаници во устата и ми го скрши носот пред десет сведоци, моите пријатели и моите телохранители. Ме нападна без причина откако разговаравме и се забавувавме два часа“, објасни диџејот.
Тој вели дека размислувал дали да излезе во јавност, но сепак одлучил да проговори и да ги предупреди сите.
„Можев да молчам и да не кажувам ништо за ова, но кога сум веќе тука, морам да кажам дека оваа личност е насилна и опасна и затоа решив да го тужам. Ме удри мене, а можеше и било кој, како моите пријатели, сопруга или други луѓе“, напиша италијанецот.
Фачинети ги покажа своите повреди на Јутјуб и рече дека тој и неговата сопруга биле во негово друштво повеќе од два часа, по што настанал конфликт. И сопругата Вилма раскажа што се случило.
https://www.youtube.com/watch?v=SxbLLU1MShE&feature=emb_title
„Одеднаш Конор го удри Франческо. Не викна на друга забава, Франческо му рече ќе одиме, а тој го удри. За среќа, Франческо беше прилично близу до него, па Конор не можеше да го удри силно. Франческо падна на масата, потоа на подот. Отпрвин се прашував дали е шега, нивно шоу, а потоа се стаписав “, објаснува Вилма.