По се изгледа дека кариерата на Конор Мек Грегор е далеку од завршување, дури и по борбата со Флојд Мејведер.
Шампионот во лесната категорија на УФЦ не се стапнал во октагонот од ноември 2016 година кога го победи Еди Алварез и стана првиот шампион на организацијата во две категории истовремено. Сега, се очекува Ноториус да го направи своето деби во професионалниот бокс и тоа не против кого да е, туку против легендарниот Мејведер кој има завидна статистика 49-0.
За време на медиумските конференции, Ирецот си ги кажа плановите за тоа што ќе прави по битката на 26 август.
„Ќе си купам уште некои работи, ќе се чаламам малку со нив и ќе се радувам на животот. Но, ќе продолжам да го правам тоа што го правам. Мора да сфатите дека сум на 28 години. Всушност, денес полнам 29. Млад сум. речиси недопрен, како што може да се види од мојата кариера. За така опасна игра се уште не сум поминал низ многу тешки битки. Сум минувал, но не и со толку порази, како што може да се видат кај други борци. Значи, се уште сум млад во кариерата.
Кога ќе го нокаутирам Флојд, дефинитивно ќе го следам боксот. Може таму за мене ќе изникне нешто ново – така ќе имам повеќе можности. Вратите ми се отворени. Може да боксирам, може да продолжам да се борам во УФЦ, но најверојатно ќе ги направам и двете работи“.