Ирската суперѕвезда реагираше на желбата на поранешниот шампион во перо категорија Макс Холовеј повторно да се бори со него. Мек Грегор и Холовеј се бореа во 2013 година во Бостон. Нивната борба беше во перо категорија и Мек Грегор ја доби со одлука по 3 рунди од 5 минути.
Во последните години, Макс не престанува да зборува за втора борба. Неодамна изјави дека е подготвен за реванш, а категоријата е неважна.
„Мислам дека нашата борба ќе создаде голема возбуда кај навивачите. Ќе бидат воодушевени од неа и многу фанови ја бараа оваа борба. Не се работи за тежината. Подготвен сум да се борам со Конор во секоја тежинска категорија“, изјави Холовеј.
Очигледно Конор е заинтересиран за овој предлог и изјави дека ќе има реванш. Мек Грегор изјави дека никогаш нема да се повлече од боречките спортови.
„Никогаш нема да се повлечам, па ќе се бориме“, напиша Мек Грегор.