Конор Мек Грегор најави дека ќе го „преполови“ Мајкл Чендлер

Поранешниот двократен шампион на УФЦ Конор Мек Грегор е пред враќање на терените. Големата ММА ѕвезда ја имаше својата последна борба во јули 2021 година кога ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер.

По пауза од повеќе од година и половина Ирецот ќе биде тренер во новата сезона на ТУФ, а на крајот ќе се соочи со Мајкл Чендлер кој ќе го води другиот тим.

Мек Грегор во своето последно интервју изјави дека без проблем ќе го победи Чендлер.

„Ми се допаѓа Мајкл, немам проблеми со него. Навистина ме интересира како ќе ги тренира борците во својот тим. Тој е повеќе спортист отколку борец. Знам дека е добар борач, но и другите негови вештини се доста добри. Но, не сум сигурен за тие мали детали од тоа. Во секој случај, ќе биде интересно да се води тим против неговиот тим“ – изјави Конор Мек Грегор и подвлече:

„А кога ќе дојде нашата борба, едноставно ќе го преполовам. Мислам дека сум малку позабавен од него, повеќе од кој било со кого се борел. Јас сум експлозивен и енергичен. Ќе го преполовам Чендлер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON