Конор Мек Грегор не ја крие огромната желба за втор меч со Хабиб. Пред неколку дена, Дана Вајт рече дека е реално да видиме реванш меѓу нив, а Мек Ггрегор очигледно го чекаше тоа и повторно ја коментираше првата борба. Во октомври минатата година, го видовме Мек Грегор користејќи многу недозволени и валкани трикови против Хабиб, но тие не му помогнаа да победи.
Мек Грегор му зададе удар на Хабиб со коленото во главата додека беа на подот, што не е дозволено, но Херб Дин дури и не го оттргна. Сега „Озлогласениот“ одлучи да се врати на она што се случи во првата битка и да ги критикува Хабиб и Дин.
„Треба да ја проверите состојбата на еден борец кој примил недозволен удар со коленото на подот. Не треба да испитуваш за да докажеш дека тоа е дозволено. Херб мораше да го провери очното јаболко на Хабиб, откако зададов удар со коленото од лажечка позиција. Ја икористив едната нога како пружина, а со другата го погодив во окото, по што покажав итрина и се извлеков, иако тоа беше дозволено. Го нарекувам тоа пумпата на големиот татко во очното јаболко.
Херб, во таа ситуација Хабиб се обиде да го подуши мојот завој, а ти трбаше да нè исправиш на нозе. Хабиб се исплашен и испаничен. Видовме како паничеше и се исплаши во автобусот“, коментира Конор.
Хабиб го натера Мек Грегор да се предаде во четвртата рунда и оттогаш Конор не се борел, а Кабиб ќе се бори во септември.