Конор Мек Грегор максимално е наострен за борбата во полусредна категорија. Ќе се бори против Доналд Цероне во главната борба на УФЦ 246, што ќе се одржи на 18 јануари во Вегас. Поранешниот двократен шампион ќе се бори во полусредна категорија по 3-ти пат, каде што има скор 1-1 во УФЦ.
Ирецот се натпреваруваше во три различни категории и во две од нив стана шампион
Тој е поранешен двоен шампион на Кејџ Вориорс и УФЦ, но никогаш не одбранил ниту една од неговите титули. Мек Грегор ја загуби последната борба со Хабиб Нурмагомедов и нема победа во ММА за 3 години. Ќе се обиде и надомести своите фанови кои сакаат да ја видат неговата стара верзија, која што се радуваше на нокаутите.
Конор се оддаде на раскош, откако направи милиони и сите сакаат да видат дали ѕвездата се уште може да го стори тоа. Остануваат помалку од два месеца до средбата, а еве во каква форма се наоѓа: