Големата ѕвезда на боречките вештини Конор Мек Грегор ќе се жени со неговата долгогодишна девојка Ди Девлин.
Пред неколку часа, Мек Грегор рече дека тој и предложил на мајката на негвоите деца и двајцата конечно ќе стапат во брак.
„Озлогласениот“ е во врска со Девлин од 2008 година, кога сиромашното момче од Ирска ја почна ММА кариерата. Конор честопати зборуваше дека Девлин има голема заслуга за успехот во неговата ММА кариера, а наскоро ќе стане г-ѓа Мекгрегор.
Ди и Конор имаат две деца, Конор Јуниор кој се роди во 2017 година и Кроја, која е родена минатата година. Навивачите, како и блиските на Мек Грегор го преплавијаа со честитки на социјалните мрежи.
На почетокот на јуни, Мек Грегор се повлече од ММА со објавување на социјалните медиуми и очигледно ќе оди на подолга пауза. На почетокот на оваа година ја забележа првата победа по многу години откако го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди.
https://www.instagram.com/p/CDodFIDJqDg/?utm_source=ig_embed