Конор Мек Грегор: Ќе ги уништам претходните мои верзии

Конор Мек Грегор е максимално самоуверен пред да се врати во кафезот. Поранешниот шампион во перо и во лесна категорија ќе се бори против Дастин Пориер на УФЦ 257, што ќе се одржи за помалку од две недели во Абу Даби. Ова ќе биде втор дуел меѓу нив, а пред неколку години Мек Грегор победи со нокаут.

Пред една година Конор ја направи последната борба и го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди. Во 2016 година го нокаутира Еди Алварез и ја освои титулата во лесна категорија, со што стана двоен шампион. На својот профил на социјалните мрежи, „Озлогласениот“ сподели дека неговата сегашна форма е врвна и ќе ги уништи неговите претходни верзии.

„Цероне – Мек Грегор и Алварез – Мек Грегор. Ќе ги уништам двете верзии на овие борби. Не си играм. Апсолутно ќе ги уништам двете мои верзии од минатото. 16 дена до борбата“, напиша Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON