Конор Мек Грегор – искрено и лично за „треш говорот“

mek-gregor-profil-so-zname

Конор Мек Грегор е еден од неприкосновените мајстори на т.н. „треш токинг“, при што успева да добие поголемо внимание и од навивачите и од медиумите, говорејќи какви ли не работи на адреса на својот противник.

Дури големи борци, како Мухамед Али, мајстори на валканиот говор, а тоа не е нешто ново во светот на боречките спортови. Конор Мек Грегор е само еден од многуте луѓе кои го практикуваат, и тоа подобро.

Говорејќи токму за тоа, Ирецот објасни своето гледиште по ова прашање.

„Терминот „треш ток“ е нешто толку американско. Се уште се смеам на тоа. Како се обидувам да повредам нечии чувства? Јас сум Ирец и сум борец – на мене не ми е гајле за твоите чувства. Само ја зборувам вистината, а понекогаш вистината боли. Боли, бидејќи секој има слабости, а јас умеам да ги напипам тие слабости. Борбата е нешто на психичка основа, не станува збор само за физички дел. Психолошката војна е дел од еден дуел. Интересно е што тие го дозволуваат тоа. Претпоставувам, јас сум посилниот“, рече Мек Грегор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON