Конор Мек Грегор има стафилокока пред УФЦ 264?

На социјалните мрежи се појави загриженост дека ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор има стафилокока. На 10-ти овој месец, Мек Грегор ќе влезе во кафезот со Дастин Пориер во лесна категорија на УФЦ 264. Нивната борба се распродаде за неколку секунди.

На социјалните мрежи Конор објави фотографии на социјалните мрежи, од една страна има чудна рана која наликува на стафилокока. Фановите се загрижени дека ако ова се навистина стафилокока, тогаш тие можат да влијаат на неговите изведби.

На почетокот на оваа година, Озлогласениот загуби со нокаут од Пориер. И двајцата имаат по една победа со нокаут, а 3-тата борба ќе реши многу работи. Победникот на мечот ќе добие шанса за титулата во лесна категорија.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON