Во првото интервју по изрекувањето на казната од 150.000 долари, Конор Мек Грегор изјави дека нема намера да ја плати.
Спортската комисија на Невада го казни шампион УФЦ со навењдениот износ поради фрлање шишиња на прес-конференција за УФЦ 202 во Лас Вегас.
„Што и да е. Така е како е. Среќно со наплатата“, изјави за Ролинг стоун.
Првично замислен казна беше 25.000 долари и 25 часа општествено-корисна работа, но наместо тоа Комисијата одлучи да го казни Мек Грегор со одземање на 5 проценти од профитот на 3 милиони долари и со 50 часа општествено-корисна работа.
„Озлогласениот“ следниот месец во Њујорк се бори со првакот на лесна категорија Еди Алварез и најави дека нема намера наскоро повторно да се бори во Невада.
„Не ја гледам Невада во својата иднина, барем во догледна иднина. Слободен сум да го правам она што ќе го посакам. Добар сум. Њујорк, Њујорк, за тоа размислувам“.
Многумина сметаат дека казната на Ирецот е прекумерна, па ќе видиме што ќе се случи во случај ако борецот навистина не ја плати глобата. Неговите две борби со Дијаз, и оние со Чад Мендес и Хозе Алдо во Лас Вегас донесоа профит од 33,1 милиони долари од продажбата на билетите.
Нејт Дијаз се уште го чека сослушувањето за неговата улога во инцидентот.