Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер ќе го предводат настанот УФЦ 300 кој е закажан за април 2024 година. Веста ја сподели „The Schmo“ кој е близок со Дана Вајт. Предметната гала вечер ќе биде меѓу најголемите за УФЦ следната година.
Не е изненадување што УФЦ сака Мек Грегор да се бори на главниот настан. Локацијата за настанот се уште е позната, но најверојатно ќе биде во Лас Вегас. Конор се враќа во програмата на УСАДА и им дава примероци за теститање, што потврдува дека сериозно е во борба.
Конор и Мајкл беа тренери на Ултимејт фајтер и се соочијја неколку пати. Мек Грегор е надвор од игра веќе скоро 3 години. Тој ја скрши ногата во трилогијата со Дастин Пориер и оттогаш е на лекување.
И Чендлер загуби од Поариер во неговата последна борба. Ова се случи во ноември 2022 година. Дајна Вајт неодамна изјави дека следното лето го гледа Мек Грегор во кафезот.
Сепак, УФЦ 300 паѓа во април, така што веројатноста Конор да го предводи е огромна.
The Schmo is hearing from sources McGregor vs Chandler April #UFC300
— The Schmo (@TheSchmo312) November 12, 2023
View this post on Instagram