Поранешниот шампион на УФЦ во лесна и перо категорија, Конор Мек Грегор го сподели своето мислење за можниот реванш со легендата Флојд Мејведер.
Неодамна се појавија гласини дека ќе има реванш меѓу нив во 2023 година. Флојд е подготвен да го направи тоа, а медиумите во Велика Британија открија дека ќе има две борби. Едната ќе биде во бокс, а другата во ММА. Тие двајца ќе поделат милијарда и пол во овие два судири.
Сето тоа во моментов се само гласини, но кога се парите во прашање, тогаш се е можно.
„Ќе го победам Флојд ако добијам реванш. Нераскажаната вистина беше дека во раните рунди правев многу.
Секој истрел ја погодуваше целта. Во оваа борба играв пинг-понг. Ќе дадам се од себе и ќе го завршам Флојд“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.
Борбата меѓу Мек Грегор и Мејведер се случи во 2017 година. Тогаш Флојд ја извојува победата во 10. рунда со нокаут. Така тој ја заокружи својата статистика на 50-0 во бокс и се повлече од професионалните борби. Мејведер во последните години прави егзибициски натпревари кои му донесоа милиони.