Конор Мек Грегор беше покрај Рајан Гарсија во неговиот боксерски мега судир со Џервонта Дејвис викендов, а по борбата отиде да го утеши Латиноамериканецот и да го инспирира за реванш.
„Тој води со 1:0. Вие сте двете најголеми имиња во дивизијата. Затоа сакам да те видам повторно!“, вели Озлогласениот во видеото споделено на социјалните мрежи од тимот на Рајан.
Да не заборавиме дека кралот Ри сè уште има само 24 години, а Тенк 28. И двајцата имаат уште повеќе од 10 години на највисоко ниво пред нив, па во Лас Вегас викендов секако ја видовме првата епизода од борбата која ќе одбележи цела генерација во боксот.
View this post on Instagram