Конор Мек Грегор е запален да победи (ВИДЕО)

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор учествува во рекламата на букмејкерската компанија „Паримеч“, кој пред неколку недели имаш прес-конференција во Москва. Ирецот во Русија објави дека ќе се врати во кафезот на 18 јануари во Вегас и се шпекулира дека Доналд Цероне може да е неговиот следен ривал.

Поранешниот шампион има скор 21-4 во ММА и не победил во кафезот скоро 4 години. Сепак, тој е заинтересиран да победи, како што вели во рекламата за Паримеч, која е многу оригинална и Мек Грегор за кратко време се преправа во Џокер. Во последната борба загуби од непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов, а токму тој е еден од неговите цели за 2020 година.

„Озлогласениот“ направи многу милиони во последните средби кои ги загуби и имаше проблеми со мотивацијата. Допрва треба да видиме што ќе ни покаже Ирецот во текот на јанаури, а до тогаш ќе претпоставуваме. Како и да е, Паримеч е непоколеблив дека е заинтересиран да победи:

https://www.instagram.com/p/B4mgjL1H9YE/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON