Конор Мек Грегор е најтестиран за допинг од почетокот на годината

Долгоочекуваното враќање на Конор Мек Грегор во УФЦ изгледа поблиску од кога било по најновите ажурирања во врска со допинг тестовите.

Неговото отсуство и шпекулациите за неговото враќање доминираа во медиумите изминатава година. Ова најмногу се должи на неговиот статус во програмата за тестирање на УСАДА. И покрај неговата улога како тренер против Мајкл Чендлер на Ултимејт фајтер, Мек Грегор не сакаше да влезе во тест програмата, со што ги одложи гласините за нивната борба.

Борците мора да бидат тестирани шест месеци пред нивното враќање. По веста на УФЦ дека ќе ја прекине врската со антидопинг агенцијата на крајот на 2023 година, поранешниот шампион во две категории и официјално повторно влезе во програмата за тестирање на УСАДА.

Според Чемпионшип раундс, „Озлогласениот“ е најпроверуваниот спортист според новата антидопинг програма, што навестува можна најава за борба.

„Конор Мек Грегор е најпроверениот борец во УФЦ во 2024 година. Тој е единствениот борец со 3 тест-сесии, додека 8 други борци имаат 2 тест-сесии“, напиша Чемпионшип раундс.

И покрај желбата на Мек Грегор да се врати во октагонот, се чини дека тоа нема да се случи наскоро. За време на појавувањето на Пет МекАфии шоу Дана Вајт истакна дека се надева оти Мек Грегор ќе се бори наесен. Фактот дека Мек Грегор дава допинг тест покажува дека тој е сериозен за враќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON