Конор Мек Грегор навистина поседува неверојатна способност да нè изненадува секој пат со реториката. Токму кога ќе помислиме дека веќе се сме слушнале тој „избувнува“ одново и не тера на размислување.
Додека даваше интервју за ТМЗ, од него беше побарано да каже какви се неговите претпоставки за мечот со Хозе Алдо на УФЦ 194, исто така и како би се справил, ако негов противник биде не билокој, туку Исус Христос … одговорот на Мек Грегор ги шокираше сите:
„Јас против Исус во октагонот? Па, што да ви одговорам – бидејќи се уште нема жив човек кој може да ме победи, а тој не е меѓу живите, па не знам. Можеби, постои можност тој да се врати од мртвите – не знам. Но, сепак, јас ќе се обложам на себе“.