Конор Мек Грегор им се обрати на борците на УФЦ и им се закани дека времето им истекува.
Суперѕвездата на УФЦ прикажа видео од неговата подготовка за трилогијата со Дастин Пориер. Тие се бореа во 2021 година, а Конор во таа борба ја скрши ногата. Мек Грегор загуби по втор пат од Пориер и оттогаш е на закрепнување. Кон крајот на минатиот месец Конор објави дека се враќа во програмата УСАДА и почна да им дава примероци за тетсирање. Така започна одбројувањето до неговото враќање во кафезот.
„Озлогласениот“ има за цел борба во април 2024 година. Мајкл Чендлер најверојатно ќе му биде противник. Конор напиша дека напорно тренирал за Пориер бидејќи веќе имал стрес скршеница на ногата. Мек Грегор е среќен што ужасната повреда сега е минато, а неговата нога сега е во титаниум.
„Тежок е боречкиот спорт. Само Господ знае и само Господ може да суди. Како и да е, сега се среќни денови бидејќи не ми е скршена ногата. Сега е титан. Тик так, мали клошари. Еден по еден”, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.
View this post on Instagram