Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор се уште е во Абу Даби. 32-годишниот Ирец направи заслужена пауза. Тој се врати во кафезот минатиот месец по едногодишно отсуство.
„Озлогласениот“ имаше реванш со Дастин Пориер и загуби со нокаут во втората рунда. Мек Грегор прими многу силни удари во телото од Пориер, а тоа беше една од причините за поразот.
Сега Мек Грегор се залага за трета средба во наредните месеци. За прв пат во ММА кариерата Мек Грегор загуби со нокаут и веќе има 5 порази кои доаѓаат со завршница. Конор победи само во една од последните четири борби во боречките спортови.
Загуби од Мејведер, Нурмагомедов и Пориер, а неговата победа дојде со нокаут за 40 секунди над Доналд Цероне. На социјалните мрежи Мек Грегор се пофали дека со семејството ловел риба во Абу Даби.