Конор ја изненади светската боксерска шампионка со посетата во соблекувалната: Ти си ирски јунак, ако ти треба нешто тука сум (ВИДЕО)

Суперѕвездата на ММА Конор Мек Грегор беше специјален гостин на светската шампионка во лесна категорија на Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) Кејти Тејлер кој рано утринава славеше против Синди Серано.

Таа успешно ја одбрани титулата, а Конор страстно навиваше на трбините,а потоа се сретна со неа во соблекувалната и изјави дека за него е чест да се запознае лично со таква шампионка.

https://www.instagram.com/p/BpMCb2egW-Z/?utm_source=ig_embed

„Ми беше чест да те гледам о живо. Јас ти го чувам грбот. Што и да ти треба, тука сум. Тие се ирски јунак. Горд усм на тебе како жена, не само во рингот туку и надвор од него“, рече Мек Грегор во видеото што го објави преку Инстаграм.

https://twitter.com/BoxingKingdom14/status/1053983798411452416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053983798411452416&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D751921

Кејти Тејлор е сонародничка на Мек грегор и веќе има 10 победи во 10-те професионални дуели, а половината се со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON