Конор и Пориер генрираа приход од 142 милиони долари

Мечот меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер создаде 142 милиони долари приход! Тоа е сумата што ја достигнаа борците на УФЦ 264. Таа доаѓа од платени канали во САД и ширум светот, како и купени билети за настанот во Лас Вегас.

Проценките покажуваат дека претставата, која заврши со тоа што Ноториус го скрши левиот скочен зглоб на крајот од првата рунда, ја платија 1,8 милиони луѓе ширум светот. 1.3 од нив биле во Соединетите држави, додека останатите 500.000 биле од други земји.

Сумата за емитување на гала вечетар беше утврдена на околу 69,99 долари. Тоа значи 125,982 милиони долари. Одделно, продадени се билети за сали во вредност од 15,8 милиони долари, што генерираше приход од скоро 142 милиони долари од гледачите ширум светот.

Интересот за третиот судир на Конор и Пориер е значаен. Тоа го надминува нивниот втор натпревар, кој беш во јануари и достигна 1,6 милиони платени ТВ преноси. Сепак, двајцата не успеаја да го соборат рекордот на Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов од 2018 година, кој е закован на 2,4 милиони ППГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО