Конор и Мејведер преговараат за реванш од милијарда долари

Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор се во тајни преговори за реванш од 1 милијарда долари.

Тие се сретнаа во 2017 година во Лас Вегас, кога Мејведер победи со нокаут во 10-тата рунда.

Сепак, ова воопшто не ја скрши радоста на Мек Грегор. Двократниот шампион на УФЦ собра 130 милиони долари од мечот, а Мејведер 280 милиони долари.

Ова беше очигледно доволна причина двете sвезди да започнат преговори за уште еден меч.

Сепак, овој пат, тие ќе заработат уште повеќе пари планирајќи го реваншот на Блискиот Исток. Во 2019 година, Ентони Џошуа си ги врати титулите од Енди Руиз во Саудиска Арабија, покажувајќи дека големите настани имаат огромен успех.

Мејведер и Мек Грегор веќе знаат како можат да привлечат гледачи од целиот свет.

„Најскапите марки часовници, виски и компании за обложување ќе дадат милиони за спонзорство и рекламирање на секоја слободна површина во радиус од 1,6 километри“, тврдат од „Сан спорт“.

По нивната прва средба Мек Грегор беше подготвен за уште една битка.

Ирецот имаше силен почеток и се спротивстави на „Мани“, иако некои навивачи сметаа дека непобедениот боксер му дал мала предност.

Сепак, Мејведер не е помлад. Следниот месец ќе наполни 44 години, тоа е во корист само на помладиот и поинспириран Мек Грегор.

Доколку борбата со Мејведер не се случи, Конор има резервен план – дуел со долгогодишниот ривал на Мејведер, Мани Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON