Компликации пред мечот со Ворд: ВБА ја одреди борбата Сергеј Ковалев-Јурген Брамер

Sergej Kovaelv pascal

Светската боксерска асоцијација (ВБА) одлучи дека неоспорниот и ВБА шампионот во полутешка тешка категорија Сергеј Ковалев (30-0-1, 26 КО) мора да се бори против „регуларниот“ ВБА шампионот Јирген Брамер (48-2, 35 КО).

„ВБА правилата му дозволуваат на претседателот на ВБА и на Одборот за титули независно да го дефинираат периодот на задолжителнао одбрана на насловот. Статусот на Сергеј Ковалев како супер шампион бара задолжителна одбрана во рок од 18 месеци “, се вели во соопштението на ВБА.

Со обѕир дека тој период истече во мај, следниот противник е потврден како официјален предизвикувач и тоа е 37-годишниот Германец.

Според правилата на ВБА, шампионот не смее да се бори со боксер кој не е официјален предизвикувач 60 дена по истекот на рокот за задолжителна одбрана на титулата.

„Имајќи ги во обѕир горе наведените факти, во името на Одборот определуваме 30 деневен период за преговори кој почнува на 20 јули, а завршува со истекот на рботниот ден 19 август 2016 година“.

Ако во тоа време не се постигне договор или една од страните не е волна за преговори, може да се оди на поднесување на понуди.

Ковалев на 11 ноември во Лас Вегас, би требало да се бори против Андре Ворд и ќе мора да добие посебна дозвола или да се договори со Брамер, ако сака борба со Американцот и да го задржи појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON